Група полицајци синоќа биле приведени во кратовското село Куклица

 

Група полицајци синоќа биле приведени во кратовското село Куклица, откако биле затекнати како прават забава со гласна музика, дознава „а1он“.

Полицајците ги пријавиле жители на селото на кои им пречела бучавата, а станува збор за седум припадници на МВР.

Според извори на „А1он“, на забавата имало околу 15 лица. Полицајците и цивилните лица присутни на забавата давале отпор при обид за нивно приведување, по што, била ангажирана и Единицата за брзо распоредување, по што се приведени и одведени во станица.

За случајот е известено и Обвинителството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2020 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега