СГ на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов со километарските редици и хаосот со субвенциите ризикува градот Скопје да стане нов корона кластер

Се случува сериозна хаварија поради неодговорноста и неспособноста на Петре Шилегов. Секој ден стотици Скопјани чекаат ред по неколку часа за субвенции на велосипеди и тротинети во услови кога се случува најсилниот пик на заразата со корона, велат преку соопштение од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје

„Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во градот Скопје гласаше за субвенции за тротинети и велосипеди и смета тоа дека е корисен проект, но максимално штетен е хаосот со начинот на аплицирање и колоните редици и оправданата нервоза кај скопјани. 

Во 21 век Шилегов наместо да овозможи аплицирање по електронски пат, тој го строи народот во колони и редици директно изложувајќи го на закана на корона вирусот. Шилегов со редиците од неколку стотина метри пред град Скопје и хаосот со субвенциите ризикува да стане нов корона кластер. 

Шилегов со ова станува закана за здравјето на Скопјани. 

Апелираме веднаш да се смени начинот на аплицирање и документите да можат да се достават по електронски пат или по пошта. 

Се друго преставува ризикување и поигрување со здравјето на скопјани“ велат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.06.2020 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега