Седумгодишно дете паднало од тераса во Кавадарци

Седумгодишник кој паднал од тераса вчера во Кавадарци, пренесен бил на скопските клиники, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Несреќата била пријавена во 14:00 часот во Полициската станица Кавадарци. Според пријавата, незгодата се случила на улицата ,,Браќа Џунови“.

Детето паднало од терасата на куќата во која живее. Поради повредите, било  пренесено во  комплексот  клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.06.2020 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега