Во куќата на Амди Бајрам во Бутел пукал огномет нелегално, ечеле зурли и тапани- интервенирала полиција

Елвис Бајрам, синот на пратеникот Амди Бајрам е меѓу пријавените од скопската полиција затоа што синоќа околу 23 часот во својот дом организирале забава со огномет, јавува Телма.

Од скопската полиција за Телма потврдија дека по пријава на вознемирени граѓани интервенирале и за случајот е поднесена пријава за сторен прекршок за дело „неовластена употреба на пиротехнички средства“.

Од домот на Бајрам ечела и гласна музика, се слушале зурли и тапани, а на крај бил активиран и моќен огномет.

Вознемирените граѓани поради тоа го пријавиле случајот во полиција, а по нивна интервенција забавата се смирила.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.06.2020 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега