Две лица повредени во сообраќајка во Велес

 
Попладнево околу 15:30 часот се случи сообраќајка несреќа меѓу две патнички возила на патот пред гробиштата Раштани кај Велес, при што се повредени две лица.
 
На местото на настанот е екипа на Итната медицинска помош и увидна поливциска екипа, потврди за МИА, Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
 
Како што информира д-р Страхил Тодоров, портпарол на ЈЗУ Здравствен дом Велес, во сообраќајка на две патнички возила со повреди се здобиле двајцата возачи кои биле сами во возилата.Тие имаат повреди на колената на нозете, укажана им е прва помош, биле имобилизирани и транспортирани во Ургентниот центра при велешката Општа болница.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.06.2020 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега