Опожарен автомобил во Кисела Вода

 

Автомобил бил опожарен на паркинг во Кисела Вода, а од пожарот било зафатено и друго возило.

„На 30.05.2020 во 04.35 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во периодот од 22.00 часот на 29.05.2020 до 04.00 часот 30.05.2020 на паркинг на ул.„Трпе Петревски“ во Скопје настанал пожар во паркирано патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Т.(37) од Скопје“ велат од МВР.

Со пожарот било зафатено друго паркирано патничко возило „тојота аурис“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Т.(52) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.06.2020 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега