Белгиски принц заразен со коронавирус: Бил на забава, а тврди дека не го прекршил карантинот

 

 

 

Белскиот принц Јоаким е позитивен на коронавирусот откако присуствувал на една забава во Шпанија.

 

Најмладиот син на принцезата Астрид, 28-годишниот принц се заразил, како што се претпоставува на забава во Кордоба, но причината поради која бил таму се уште не е разјаснета.

 

Првите информации за тоа дека е заразен член на белгиското кралско семејство беше објавено од страна на шпанскиот сајт „Ел Кофиденциал“.

 

Белгиските медиуми ја потврдија информацијата дека принцот Јоаким бил во Шпанија, дека е заразен и оти има благи симптоми, пренесува Би-Би-Си.

 

Потврдено е дека тој патувал во Шпанија, а оти причините биле од „професионална природа“ поради стражирање. Меѓутоа, на јавноста и е познато дека тој е во долгогодишна врска со една Шпанка.

 

Иако шпанските и белгиските медиуми не се сложуваат околу бројот на луѓе кои присуствувале на забавата. Шпанците тврдат дека имало 27 луѓе, со што тој го прекршил пропишаниот карантин, додека Белгијците велат дека имало само десетина луѓе и оти тој не ги прекршил мерките.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.05.2020 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега