Ги бркал со автомобил и се заканувал дека ќе ги убие

 

31-годишен скопјанец им се заканувал на две лица од Чаир. Тој со автомобил ги бркал и според пријавата, сакал да ги убие.

 

-Вчера околу 17.25 часот во Полициската станица Чаир, Х.В. и К.В.(47) пријавиле дека лице со патничко возило „ауди“ ги бркал со возилото и сакал да ги убие. Полициски службеници извршиле пребарување на теренот и го пронашле Г.И.(31) од Скопје и возилото „ауди“ што го управувал. Исто така, била пронајдена и една лопата со која било извршено оштетувањето на патничко возило „мицубиши“, а Г.И. бил приведен, велат од полицијата.

 

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.05.2020 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега