Форбс ја исфрли Кајли Џенер од листата на самоостварени милјардери - цело семејство лажело

 

Бизнис магазинот Форбс ја тргна Кајли Џенер од листата на милијардери и го обвини нејзиното семејство дека најмерно ја зголемило вредноста на нејзиниот козметички бренд.

 

Од Форбс тврдат дека семејството необично многу направило за да ја презентира Џенер како побогата отколку што всушност е.

 

Џенер се огласи на Твитер каде вели дека станува збор за неточни и непроверени изјави.

 

-Никогаш не барав никаква титула или сум се обидела да лажам на патот до неа, напиша таа.

 

Форбс овој статус и го даде во 2019 година кога ја прогласи за самоостварена милијардерка.

 

30.05.2020 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа