Нови правила и за капење во базени во Грција и за лежење покрај море

 

Пред да изберете хотел во кој би престојувале ова лета, а преферирате базени, внимавајте на тие што ги има во понудата, зошто на затворените базени во грчките хотели им е забрането да работат, за разлика до надворешните базени.

 

Исто така,  ниту во затворените базени нема да може да влезе кој сака, зошто Националната организација за јавно здравје (EODY)  во Грција  пропиша правило за бројот на капачи, односно густината во базените, кој се пресметува со индексот 5 m2 водена површина по лице. Тоа значи дека во базен со средна големина не смее да влезат повеќе од 30 лица.

 

Исто така, EODY пропишува дека распоредот на лежалки, столици и пешкири „треба да биде таков што растојанието од краевите на седиштата за две лица под два различни чадори за сонце треба да биде најмалку 2 метри во секој правец.

 

За хотелите се препорачува местата за седење, масите, шкафчињата за работи, ѕвончињата за повикување на персоналот и ценовниците да бидат прекриени со материјали кои можат ефикасно да се дезинфицираат. Сето тоа треба да се дезинфицира по заминувањето на гостинот и пред да ги употребат новите гости.

 

– На хотелите им се препорачува во понудата да имаат пешкири со кои ќе ја прекријат целата површина на лежалката и да го дезинфицираат секое седиште после секоја употреба. Се препорачува отстранување на ткаенините од лежалките – стои во упатството од летување на плажите во Грција.

 

Сите менаџери на ресторани и барови, според оваа директрива, се должни да спроведат социјално дистанцирање и места за гостите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.05.2020 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа