Попуштаат мерките во Турција , со речиси 4.500 починати и 160.000 заразени со коронавирус

 

Во Турција починале 34 лица од коронавирус во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 4.431.

 

Во последните 24 часа, потврдени се уште 1.035 нови случаи на коронавирус.

 

Во Турција се заразени вкупно 159.797 лица, но од коронавирусот досега се опоравиле 121.507 лица, пренесува АП.

 

Според универзитетот Џон Хопкинс, Турција се наоѓа на деветтото место во светот според бројот на заразени со коронавирус, иако експертите веруваат дека бројот на заразени ширум светот е многу поголем од пријавениот.

 

Оваа недела се регистрира во просек околу 1.000 нови случаи на коронавирус на ден во Турција.

 

Турската влада започна со олеснување на некои од рестриктивните мерки што ги воведе за да се донесе пандемијата под контрола, а претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган, утре треба да објави нови мерки на олеснување.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2020 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа