Мицкоски: Не го коментирам лажливото видео на Заев, имаме пад на економијата и најмногу жртви од ковид-19 во регионот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не коментираше за олабавувањето на мерките. Тој им се заблагодари на сите кои биле во првите редови во борбата против пандемијата.

– Сите кои беа во првите редови и ги изложија својте животи,  медицинските лица, полицијата, армијата сите кои ги опслужуваа граѓаните во маркети им се заблагодарувам. Не би сакал да го коментирам она лажливо видео кое го објави Заев. Во светот успешноста со справувањето со пандемијата ја детерминираат два индикатори, а тоа се  луѓето кои за жал ги губат животите и падот на на економијата.Според првиот индикатор,  ние за жал сме водечки во регионот. И за жал тој тренд не се намалува. Вториот индикатор, а тоа падот на брутодомашниот производ и падот на економијата нема што да коментирам, слушнете го гласот на бизнисот и ќе ви кажат дека се наоѓаат во катастрофална состојба. Ова не треба да бидат политички теми и екранизирани во спотови. Ако се случи втор бран на пандемијата дополнително ќе ги разочараме граѓаните. Треба заеднички да ги надминуваме предизвиците – рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2020 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега