Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле за „Танјуг“ од српската Дирекција за цивилно воздухопловство.

Владата во Подгорица во понеделникот објави дека донела одлука од 1 јуни да ги отвори своите граници со голем број земји, но дека тие и понатаму остануваат затворени за Србија и Република Српска.

„Монтенегро ерлајнс“ вчера објави дека се подготвува да продолжи со комерцијалните летови и дека првите летови ќе бидат кон Белград.

Сепак, Дирекцијата за цивилно воздухопловство донесе одлука да ѝ ја одземе дозволата на црногорската авиокомпанија, а објаснувањето на решението е дека одлуката на владата во Подгорица го крши принципот на реципроцитет во движењето на патниците меѓу двете земји.

По одлуката за одземање на дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, „Монтенегро ерлајнс“ соопшти дека Србија останува дел од сообраќајните планови на компанијата.

„Без оглед на оваа неочекувана одлука на Белград, Србија секако останува дел од сообраќајните планови на МА и ние ќе се обидеме да придонесеме за санирање на последиците од Ковида-19, од економски аспект, што е можно поскоро“, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2020 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега