Грција одлучи - нема веќе пари за Златна зора

Парламентот во Грција усвои измени во Законот за финансирање политичките партии, со кои го запре и државното субвенционирање на екстремно десничарската партија Златна зора.

За измените на овој Закон се изјасниле 235 од вкупно 300 членови на грчкиот Парламент.  Со него се предвидува прекин на државното финансирање на некоја политичка партија, доколку нејзините лидери или најмалку една десетина од нејзините пратеници бидат обвинети за членување во „криминална организација“ или за „терористички активности“.

Шестмина пратеници од Златна зора се веќе обвинети за криминално здружување и криминални активности. Во 2013, оваа партија од државата доби субвенции во износ од 873.000 евра.

23.10.2013 - 10:32