ВИДЕО: Акција на српската полиција, падна криминална банда - краделе автомобили, ги сечеле и продавале на делови

Припадници на МВР, на територијата на Белград и Чачак, уапсиле 5 лица за кои постои сомнение дека во Белград краделе автомобили, а потоа на подрачјето на Чачак ги сечеле на делови и продавале.

Упасени се Н.Р. (1981), М.К. (1977), И Н.Ј.(1991) од Белград, како и М.Н. (1982) И З.Б. (2000) од Чачак.

Постои сомнеж дека Н.Р., М.К. и Н.Ј. минатата година во белградските општини Звездара и Вождовац, краделе возила кои ги возеле во изнајмени гаражи, а потоа во Чачак каде М.Н. и З.Б. ги растурале на делови и ги продавале.

При претресот на станот и другите простории кои ги користеле М.Н. и З.Б., пронајдена била и поголема количина на автоделови.

Исо така, во станот на З.Б. било пронајдено околу 1,2 килограми амфетамин, 19.850 таблети од листата на психоактивни супстанци, како и дел за ловечки карабин, додека кај М.Н. бил најден ловечки карабин.

На осомничените им било одредено задржување до 48 часа, после што со кривична пшријава за кражба ќе бидат приведени од надлежното обвинителство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2020 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега