Албански државјани си влегле во државата и си се шетале во полициски час на Рамазан Бајрам

Тројца албански државјани се приведени во полициски час на територија на општина Маврово Ростуше и против нив се поведени постапки за кривичното дело-непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството соопшти дека обвинетите кои се возраст од 31 до 34 години границата ја поминале илегално за што дополнително ќе бидат гонети. Тројцата албански државјани се приведени во неделата на 24-ти мај и оттогаш се во притвор.

-Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, со цел да се обезбеди нивното присуство во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Гостивар му предложи за лицата да определи мерка притвор. Судот го прифати ваквиот предлог и на обвинетите им определи притвор во траење од осум дена, соопшти обвинителството во Гостивар.

Во областа за кое е надлежно гостиварското обвинителство уште 8 граѓани од кои еден малолетник се обвинети за прекршување на забраната за движење и е побарано да платат по 100 дневни глоби како казна.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2020 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега