Манчевски: Комисијата за заразни болести треба да даде јасен став за одржувањето на изборите, не треба политичарите да одлучуваат

Апслутно и сметам дека е клучно Комисијата за заразни болести да излезе со јасен став кога треба да се одржат предвремените парламентарни избори, не треба политичарите да одлучуваат, кажа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во емисијата „Детектор“ на Сител телевизија.

- Целиот овој период сите одлуки се носеа согласно препораките на Комисијата за заразни болести. Најважно е начинот на којшто ќе се спроведуваат изборите. Тука треба најмногу да посветиме енергија, како ќе обезбедиме услови за безбедни избори. Од аспект на заштитни маски апсолутно е обезбедена државата за да може да функционира општеството, не само за изборите - кажа Манчевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.05.2020 - 17:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега