Невреме во Македонија - метеоролозите најавуваат врнежи и грмежи

Во текот на денешното попладне се очекува нова локална дестабилизација на атмосферата. Облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на локален дожд и услови за локална појава на грмежи, информира метеорологот Славчо Попоски.

Ќе започне да дува умерен ветер кој повремено ќе засилува и истиот во западните предели ќе биде од западен, додека во останатите предели ќе биде од југоисточен правец.

Попладне и навечер, Долж Повардарието ветерот ќе го промени правецот во северен и повремено ќе биде засилен по интензитет. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Во Скопје денес попладне ќе има услови за појава на локален дожд, а ќе започне да дува и северен ветер кој повремено ќе засилува. Максималната дневна температура денес во Скопје се очекува да се искачи до околу 21 степен.

Ова се моменталните температури измерени низ градовите во Македонија:

Во следните денови, особено од пладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално ќе има услови и за поинтензивни атмосферски процеси (во форма на НЕВРЕМЕ). Ќе дува умерен, особено долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец додека температурите на воздухот ќе бидат малку пониски од вообичаените за овој дел од годината.

Особено посвежо ќе биде во вторник и во среда кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Поради релативно ниските температури за овој дел од годината, и северниот ветер, особено во вторник и во среда на највисоките планински врвови не се исклучува можноста и за провејување на слаб снег.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.05.2020 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега