По празникот нова цена на горивата

Регулаторна комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата по празниците Рамазан Бајрам и Свети Кирил и Методиј. Цената на горивата се менува секоја недела во понеделник, но бидејќи утре е неработен ден, се очекува новата одлука Регулаторна да ја соопшти во вторник.

Цената на горивата минатата недела се зголеми за половина до 1,5 денари по литар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за половина денар по литар и изнесува 54,5 денари. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапи за еден денар по литар и чини 57 денари. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 1,50 денари за литар се продаваат за 47, односно за 35 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,329 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 19,498 денари.

Како причина за зголемувањето на малопрадажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемувањето на референтните цени на дериватите во изминатите седум дена и тоа за околу 5,64 отсто кај бензинот и за 10,84 отсто кај дизелот, како и за 0,099 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.05.2020 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега