Борисов: Со чувство за национална гордост се поклонуваме пред делото на светите браќа Кирил и Методиј

„Честит ден на бугарската просвета и култура и на словенското писмо! Со чувство за национална гордост се поклонуваме пред делотона светите браќа Кирил и Методиј, благодарение на што денес се изразуваме слободно на својот мајчин јазик и го сочувавме нашиот духовен идентитет како народ и држава“, пишува премиерот на Бугарија, Бојко Борисов во својата честитка.

„Со длабока почит и благодарност им се обраќам на сите оние кои, како достојни следбеници на нив, продолжуваат да работат вредно за развој на образованието и културата во Бугарија. Срдечно им честитам на бугарските наставници и им посакувам да бидат здрави и горди на успехот на нивните ученици.

Бидете сигурни дека образованието и поддршката на наставниците како гаранција за просперитет на државата останува водечки приоритет за нас во иднина. Бидејќи само за способната и учена личност не постојат многу далечни хоризонти. Честит празник!“, додава тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.05.2020 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега