Неизедначување на акцизата на екстралесното со дизел горивото штети на граѓаните, на државниот буџет, на компаниите дистрибутери и на животната средина

Злоупотребата на екстралесното гориво станува сериозен проблем во нашата земја и време е да се направат потребните промени во акцизната регулатива за да се спречат штетните последици. Со неизедначување на акцизата на екстралесното со дизел горивото, 90% од вкупниот увоз на екстралесно гориво завршува како погонско гориво, наместо за греење, со што нашите граѓани добиваат неквалитетно гориво што придонесува кон побрза амортизација на нивните возила, 100 пати поголемо загадување и зголемување на шверцот на гориво.

Со оваа злоупотреба, не само што се оштетуваат граѓаните и животната околина, туку се оштетува и државниот буџет за огромни суми, кои наместо да се користат за справување со Ковид-19 или да се инвестираат во унапредување на нашата земја, завршуваат нелегално во нечии џебови. Дополнително се оштетуваат и дистрибутерските компании кои наместо да го унапредуваат своето работење, се приморани да се справуваат со оваа ситуација на најразлични начини кои одземаат и време и ресурси за работа, а тука е секако и нелојалната конкуренција која се создава благодарение на фактичката состојба.

Изедначувањето на акцизата значи дека оние кои го правеа ова, нема да имаат никаква корист ниту мотивација да продолжат да користат Екстралесно како погонско гориво, а оваа промена дополнително ќе ја зголеми стабилноста на пазарот и ќе го регулира текот на нафтата и нафтените деривати, но придобивките ќе ги почувствуваат и останатите учесници на пазарот.

Апелираме до Владата на РСМ да преземе конкретни мерки и дејствија за да се регулира работењето и конечно да стави крај на неправдата која се прави врз граѓаните на нашата земја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2020 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега