Детална временска прогноза за следниве денови - УХМР најавува промена од вторник

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до девет, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Во следните денови ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и среда.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2020 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега