Петровска: Полицијата не упаѓа во верски објекти и не врши притисок врз верници, има само телефонски консултации со лидерите

Дополнителната заменичка министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска нема информации дека полициски службеници прават упад во исламските верски објекти. Во нејзиното вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ што се емитува на Алсат, Петровскавели дека полицијата има телефонски консултации со верските лидери, но оти не знае за полициски дејства во самите објекти.

„Јас немам информации дека влегуваат, но дека остваруваат телефонски контакти тоа – да…и тука нема апсолутна злоупотреба од страна на полицијата ниту од страна на полициските службеници. Не користиме сила, но ги користиме законските овластувања превентивно да дејствуваме во спроведувањето на мерките на Владата. ИВЗ реагираше денеска, веројатно погрешни информации стигнале до нив дека полицијата влегла во џамиите и дека се обидува од таа позиција да направи притисок врз верниците и врз челниците на ИВЗ, што не е точно. Полицијата во изминатиот период, и од кога почна особено спроведувањето на мерките на владата за борба против вирусот, успешно во рамките на својата превентивна улога остварува комуникација со поглаварите на верските заедници, меѓутоа остварува комуникација и со намесништвото или челниците во верските објекти. И тоа го правиме со цел да не се создадат непријатни ситуации какви што имавме прилика да ги видиме и да оствариме поблиска комуникација со цел мерките на Владата да бидат доследно спроведени“, вели Петровска.

Таа прецизира дека не се работи за влегување во верски објекти, туку за остварување телефонски контакти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 22:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега