ВИДЕО: Силно невреме во Грција - улиците се претвориле во реки, забележани повеќе од 6.700 громови

Ширум северна Грција улиците се претвориле во реко после обилните врнежи.

Посебно на удар биле Халкидики, Солун, Килкис, Серес и Ксанти. Пожарникарите спасиле и едно 21-годишно момче на кој бурата му го однела автомобилот.

На Халкидики поплавени се повеќе куќи и продавници, а потоци вода ги прекриле улиците и ги претвориле во езеро. Исто така, грчките медиуми наведуваат дека биле забележани 6.700 громови.

Пожарникарната бригада во Солун добила повеќе од 100 повици да ја испумпа водата од домовите и подрумите на граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа