Грција ќе прима туристи само од 19 држави и нема да има потреба од корона тест

Планот за рестартирање на туризмот на Грција што го презентираше министерот за туризам, Хари Теохарис, предвидува дека од 15 јуни, Грција ќе дозволи влез на туристи само од 19 држави. Тие се избрани врз основа на епидемиолошките критериуми.

Дополнително, Теохарис истакна дека за туристите кои ќе доаѓаат во Грција нема да биде потребно да прават тест за корона вирусот, ниту пак ќе бидат во карантин по пристигнувањето.

Според СКАЈ, првите туристи на кои Грција ќе им дозволи својот годишен одмор да го поминат таму се од следните 19 држави: 

Кипар, Израел, Кина, Јапонија, Австралија, Норвешка, Данска, Австрија, Бугарија, Србија, Романија, Албанија, Северна Македонија, БиХ, Хрватска, Полска, Унгарија, Словачка и Чешка. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 17:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега