Пожар беснее во близина на бензинска пумпа во Радишани- интервенираат пет противпожарни екипи

 

Пожар изби во скопската населба Радишани, веднаш спроти бензинска пумпа, пренесува „Макфакс“.

Запален е објект, околу кој има бујна вегетација, а може да се забележат и стари, хаварисани возила.

Во моментов интервенираат 5 екипи на Противпожарната служба, со помош на граѓани.

Чад од пожарот има низ целата населба, а се стравува дека тој може да се прошири и на околните имоти.

Очевидци велат дека пожарот настанал од искра при сечење железо.

Според информациите од терен, на сто метри од огнот веќе се чувствува неподнослива жештина.

Небото над Радишани е смрачено од огромен облак црн густ чад, а граѓаните во паника ги преместуваат своите возила паркирани во близина на пожарот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега