Еден починат и 23 нови случаи

 

Еден починат и 23 нови случаи се регистрирани во последните 24 часа

 

-Во ГОБ „8 Септември“ утрово почина 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на Ковид-19, а потврден позитивен денеска, велат од Министерството за здравство.

 

Резултатите се добиени по изработени 702 тестови.

 

По градови во Скопје регистирани се 12 нови случаи, во Куманово и Тетово по четири, Прилеп два и Неготино еден. Девет пациенти се водат како излекувани.

 

Со ова вкупниот број на позитивни тестови во Македонија достигна 1921.

 

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 365 теста се во рамките на скринингот. Направени се 136 тестирања преку ЦЈЗ Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19. 

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 8 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 56 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 32, крититчно болни и на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ се примени 6 нови, а вкупно хоспитализирани 16 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 8, на домашно лекување се следат уште 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.05.2020 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега