Бред Пит приреди несекојдневно изненадување за студентите во Мисури (ВИДЕО)

Бред Пит ги изненади студентите од Државниот универзитет во Мисури. Тој се вклучи преку видео-линк од својата куќа, каде и понатака се наоѓа во карантин поради коронавирусот. Славниот актер ја прифатил идејата на деканот за да ги израдува студентите и да им ја честита истрајноста, но и успехот кои ги постигаат за време на пандемијата.

Среќен и задоволен бил и персоналот на Универзитетот.

„Се обидовме некако да ги расположиме студентите, бидејќи во ова неизвесно време погодено од пандемијата на коронавирусот, нема да има традиционална прошетка низ градот. Бред го прифати предлогот и не направи навистина горди“, изјавил доцентот Елизабет Кинг.

Инаку, Бред израснал во Спрингфилд во Мисури, каде се наоѓа универзитетот во кој и тој самиот студирал, па тоа било уште една од причините поради кои прифатил да се јави на студентите.

Еден од најпосакуваните мажи на светот после завршувањето на средното образование се запишал на новинарство, но не дипломирал. Сфатил дека го привлекува глумата, па се спакувал и заминал за Холивуд да ги оствари своите соништа.

21.05.2020 - 23:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега