Нејмар и хрватската манекенка ја потврдија врската: „Ние сме Бони и Клајд“

Манекенката Наталија Барулиќ (28) и фудбалерот Нејмар (28) се појавија заедно на насловна страна на руското издание на магазинот „GQ“ со што ја потврдија врската.

Иако веќе некое време објавуваат заеднички фотографии не сакаа јавно да говорат за својот однос.

-Во одбрана на своите најмили. Јунаците на јунскиот број Нејмар и Наталија не потсетуваат на тоа колку е важно да ги поддржите и заштитите најмилите. Не е важно дали седите во самоизолација во своите четири ѕида или морате да комуницирате преку телефон. Чувајте се, останете силни, порачува магазинот.

На фотографијата на насловната страна Наталија го гушка Нејмар.

„Бони и Клајд“ напиша таа на заедничката фотографија која ја објави.

 
 
 
View this post on Instagram

Bonnie & Clyde inside our new cover story for GQ shot in Paris out now @neymarjr

A post shared by Ναtαlία Bαrulίch (@natalia) on May 20, 2020 at 7:38am PDT

21.05.2020 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа