Се смирија поради заеднички проблем: Хари и Вилијам повторно разговараат

Иако долго време се пишува за лошиот однос меѓу принцевите Хари и Вилијам, а сѐ дополнително се залади поради селидбата на Хари и Меган и одвојувањето од кралското семејство, браќата наводно повторно почнале да разговараат.

Како што јавуваат британските медиуми, тоа го поттикнала здравствената состојба на принцот Чарлс кој се бори со коронавирусот.

-Имаше голем проблем меѓу двајцата, но работите се вратија во нормала и знам дека повторно ќе се слушнат на телефон или преку видео повик. Се слушаат за семејните родендени, но мислам оти болеста на принцот Чарлс ќе ги натера повторно да почнат повторно да разговараат, вели Кети Никол, експерт за односите во кралското семејство.

Вели дека кога на Хари почнал да му недостасува домот било вистинско време повторно да се поврзе со Вилијам, а наводно попуштила и тензијата меѓу Кејт и Меган.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега