40 часа не јаде ништо, 2 дена пие само вода - поранешната девојка на принцот Хари ја запрепасти јавноста

Британската пејачка Ели Голдинг, попозната како поранешната девојка на принцот Хари, не ја крие својата 'опседнатост' со вежбањето и добриот изглед.

Меѓутоа, откако откри дека за да ја зачува линијата знае да пости и по 40 часа, многу нејзини обожаватели се загрижени за нејзиното здравје. 

За да ја намали надуеноста, речиси два дена пиела само вода. Многумина ѝ замериле дека на младите девојќи им испраќа погрешна слика дека изгладнувањето е препорачливо, додека други загрижено ѝ порачале да не го прави тоа, бидејќи не само што не е здраво, туку и нема потреба за тоа.

На многуте коментари одговорила и самата Ели, која рекла дека сето тоа го прави на сигурен начин и под лекарски надзор.

„Внимавам што правам, еден ден пред и по постот јадам нутритивно богати намирници. Првиот ден земам високи количини електролити и многу течности, вклучувајќи и чај и кафе“, појаснила пејачката.

„Постот е здрав и сигурен доколку боледувате од дијабетес или други сериозни здравствени проблеми“, порачала таа.

„Со текот на времето дојдов до тоа да можам 40 часа без храна“, заклучила пејачката која своевремено признала дека е зависна од тренинг.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2020 - 12:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега