Откако ја „откачи“ 21 години помладата девојка, ѕвездата од „Пријатели“ бара партнерка преку сајт за запознавање

Познатиот актер Метју Пери (50), после раскинувањето на врската со 21 година помладата девојка Моли, не сака да биде сам.

Популарниот Чендлер од хит серијата „Пријатели“ решил да најде нова партнерка, но овој пат преку апликација за запознавање. Тој, како што пишува Дејли Мирор, повторно отворил профил на Реј, кој го деактивирал по стапување во врската со Моли.

Метју после големата популарност доживеа низа неуспеси. Тој се бореше со алкохолизмот, а во 2012 година ја раскина 6 години долгата врска со актерката Лизи Каплан (37), а потоа беше на одвикнување. Неодамна тој раскина со Моли, која на своите пријатели постојано им велела дека Пери ѝ се допаѓа поради неговата приземјеност и тоа што не е залуден од славата.

-Таа тврдеше дека не ѝ е битна славата на мажот со кој е во врска, а всушност го сакаше вниманието кое го добиваше поради Метју, изјавиле нејзините пријатели.

Метју и Моли се запознале пред 2 години, а прв пат биле забележани заедно кон крајот на 2019 година. Моли му била поддршка во борбата со зависноста од алкохолот и дрогата. После раскинувањето тие се во пријателски односи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2020 - 23:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа