Актер се самоуби откако со пиштол ја ранил сопругата

Актерот Хаген Милс се самоубил со пиштол на 29 години откако претходно се обидел да ја убие и Ерика Прајс, со која актерот имал заедничка ќерка.

Полицијата примила дојава дека за пукотници, а кога полициските службеници пристигнале на местото на настанот ги дочекала Ерика која имала две прострелни рани. Истрагата потврди дека актерот ја чекал Ерика да се врати дома, а во куќата се наоѓале и нејзината мајка и малолетната ќерка.

Таа е во стабилна здравствена состојба, а нејзините мајка и ќерка не се повредени во пукотниците.

Милс го вперил пиштолот кон себе, пукнал и умрел на лице место, а сѐ уште не е јасна причината за оваа трагедија.

Милс во јавноста е познат по сериите „Baskets“ и „Swedish Dicks“. Нејзината мајка за ТМЗ изјавила дека отсекогаш ја сакал.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2020 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега