Хит на интернет: Свештеник со пластичен прскал верници со света вода (ФОТО)

Отецот Тимоти Пелк, свештеник од Мичиген стана онлајн сензација откако се одлучи малку да се забавува за Велигден и тоа почитувајќи ги препораките за физичка дистанца, па со пластичен пиштол ги прскаше верниците со света вода.

Еден месец подоцна овој католички свештеник стана хит на интернет, бидејќи црквата кон средината на април објави негова фотографија на Фејсбук.

Интернет заедницата веднаш почна да ја фотошопира сликата и да прави т.н. „мимови“, па отец Тим за кратко стана славен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2020 - 23:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега