Фудбалери одбиваат да тренираат поради намалените плати

Фудбалерите на Рајо Ваљекано одбија да тренираат во клубскиот тренинг центар поради кратењето на платите.

Играчите на второлигашот бараат од управата на клубот да им ја врати висината на платите, кои се намалени поради кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот, пред да се вратат на тренинзите.

Тие тренираа во своите куќи наместо во центарот. Во Шпанија од денеска е дозволено играчите да тренираат во помали групи.

Минатата недела протестираа и играчите на Елче, а тогаш управата ги прифати нивните барања.

Во многу шпански клубови платите и работното време се намалени за 70 отсто. Кога натпреварувањето беше прекинато на средината на март, Рајо беше 11 место во втората лига.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2020 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа