Скандал во Шпанија: Два клуба од Ла лига осомничени за местење на натпревар

Покрај, проблемите со коронавирусот, шпанската фудбалска федерација се соочува со нови проблеми, откако изби скандал на местени натпревари во Ла лига.

Во центарот на јавноста се седум фудбалери на Виљареал, на кои наводно им е понудено 1.8 милиони евра да го загубат последниот меч против Хетафе во сезоната 2018/19 година. Под истрага е и напаѓачот на Хетафе, Хорхе Молина, чиј глас се слуша во разговорите до кои стигна полицијата.

Натпреварот заврши 2-2 и на тој начин Хетафе остана без четвртото место и пласман во Лигата на шампиони.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2020 - 23:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа