Северина била на распит во полиција

Северина денеска претпладне била на разговор во полициска станица, јавува хрватскиот Индекс.

-Можам да потврдам дека беше на разговор во полициска станица, но не можам да дадам детали зашто потпишавме изјава за тајност, изјави нејзиниот адвокат Мате Матиќ.

Северина во средината на минатиот месец беше приведена во Белгад поради кршење на полицискиот час кој во тоа време беше во сила во Србија.

Таа од средината на март претстојуваше во Белград, кога отиде да го посети синот Александар, но неговиот татко Милан Поповиќ одби да го предаде.

Откако се врати во Загреб успеа да го види синот по повеќе од еден месец раздвоеност.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2020 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега