Ибрахимовиќ предизвика хаос на социјалните мрежи: „Бог се врати и ве набљудува”

егендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ, пред неколку дена се вратил од Шведска во Милано и во свој стил им испратил порака на навивачите на “Росонерите”.

„Бог се врати и ве набљудува”, напишал Ибрахимовиќ на Твитер со фотографија од него.

Искусниот напаѓач, по доаѓањето во Италија ќе биде сместен во самоизолација во рок од 2 недели пред да му се приклучи на тимот на тренинзи. Досега е двапати тестиран на Ковид-19 и двата резултати се негативни.

Фудбалерот го поминал поголемиот дел од пандемијата во Шведска, каде тренирал во Хамарби, клуб во кој поседува 25 отсто од акциите. Навивачите на шведскиот клуб се надеваа дека тој ќе заигра за нив, но Ибра ѝ се врати на “чизмата”.

„Имам договор со Милан и ќе видиме како ќе заврши тоа, ако заврши”, изјавил тој.

Ибрахимовиќ во јануари се врати во Милан откако му истече договорот со ЛА Галакси, а неговиот договор со “Росонерите” завршува во јули.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2020 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега