Мис Москва ја изгуби титулата – лагата ја открила на Инстаграм

Победничката на натпреварувањето за убавина во рускиот главен град Москва, Алесиа Семеренко ја загуби титулата поради непочитување на договорите.

Таа не се појавувала на состаноците по повик на Организаторите на настанот. Се вадела дека е болна, но на социјалните мрежи поставувала фотографии кои откриле каде се наоѓа во моментот.

Додека лажела дека не може да стане од креветот, објавувала фотографии од Малдиви, каде што и се наоѓала во моментот.

Ова е првпат во историјата на натпреварувањето една убавица да ја загуби титулата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 22:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега