Дневникот на Меган Маркл би можел да стане бестселер

Сопругата на принцот Хари, Меган Марк, пишувала дневнок за својот живот во британското кралско семејство. Книгата би можела да стане успешна, тврди близок извор до парот.

Маркл во дневникот најверојатно го опишала својот пат од американска актерка до член на кралското семејство, а кралскиот биограф Ендру Мортон, кој ја напиша книгата за принцезата Дајана вели дека книгата би можела да се заснова на дневникот Меган за да се даде потполна слика.

Мортон вели дека Маркл пишува убаво и оти при тоа користи убави фрази, што според него е резултат на тоа што студирала англиски јазик во првата година од Колеџ.

Пријател на Маркл вели дека пишувањето и е страст и верува оти еден ден дневникот ќе се најде во печатница.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 21:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега