Драма во кривопаланечко: Запалил полициско возило откако полицајци му напишале казна

 

Маж запалил полициско возило откако претходно се противел да потпише казна напишана од полициски службеници, информира МВ.

-Вчера во 11:00 часот во село Жидилово, кривопаланечко, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка, запреле патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 29-годишниот О.М. од Крива Паланка, а како сопатници биле затекнати лицата Г.Ѓ. од село Жидилово и Х.С. од Крива Паланка. При проверка полициските службеници констатирале неисправности на возилото, по што возачот не ги потпишал документите. Притоа, од возилото излегол сопатникот Г.Ѓ. кој почнал да ги омаловажува полициските службеници и се јавил на ќерка му Ј.Ѓ. да донесе бензин. Додека полициските службеници влегувале со службеното возило, дошла Ј.Ѓ., која донела шише со бензин, по што О.М. го испрскал внатрешниот дел од возилото и го запалил, а возилото целосно изгорело. Била повикана екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а лицата биле приведени со Полициската станица Крива Паланка и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава - соопшти полицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега