Таткото на Нурмагомедов поради грешна дијагноза паднал во кома

Таткото на УФЦ-ѕвездата Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап паднал во кома и итно е префрлен во болница во Москва, откако лекарите во Дагестан му ја промашиле комплетната дијагноза по прием да биде лекуван поради нагло влошување на здравствената состојба.

Абдулманап имал потешкотии во дишењето, еден од симптомите на Ковид-19, но не станувало збор за новиот вирус туку за уште посериозна ситуација. Откако бил примен на клиника во Дагестан, сите мислеле дека има пневмонија (воспаление на белите дробови), но излегло дека таткото на Хабиб има и срцеви проблеми. Поради тоа сега паднал во кома, а лекарите се сомневаат дека прашање е дали ќе успеат да го извадат од неа.

Руските медиуми ја објавија оваа информација, откако дознале од извори во московска клиника од лекарскиот конзилиум, дека тие биле запрепастени како нивните колеги не успеале да ја утврдат точната дијагноза.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2020 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега