Семејно насилство во Скопје: Ја претепал до смрт, па повикал полиција и рекол дека и се слошило

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.Р.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „убиство во вршење семејно насилство“, казниво по член 123 од Кривичниот законик.

На 10.05.2020 околу 03.30 часот во својот дом на ул.„Перо Наков“ пријавениот физички ја нападнал М.К. и ѝ нанел повреди од кои настанал трауматски шок, по што починала.

После тоа пријавениот пријавил во полиција дека на оштетената ѝ се слошило и дека паднала во бессознание. По извршената обдукција, Ф.Р. бил приведен во полициска станица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2020 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега