Сообраќајка на патот Скопје-ХЕЦ Козјак: Автомобил излета од коловозот и се преврте

 

Две лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак.

-Вчера во 18:30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак, патничко возило „пежо 206“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.С.(43) од Скопје, излетало од коловозот и се превртело. По незгодата, возачот и сопатникот Г.С.(41) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде на Г.С. му биле констатирани тешки телесни повреди, а на И.С. телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2020 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега