Пожар во куќа во Делчево – повредена 67-годишна жена
Во пожар кој вчера избувнал во Делчево повредена е 67-годишна жена.
-Во 19,25 часот во Полициска станица Делчево било пријавено дека на ул.„Првомајска“ во Делчево настанал пожар во куќа сопственост на С.И.(72) при што целосно бил опожарен спрат од куќата и целата покуќнина. Во пожарот со изгореници се здобила сопругата на сопственикот С.И.(67) на која доктор одитна медицинска помош и била укажана лекарска помош, велат од МВР.
Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Делчево.
Увид на местото на настанот ќе изврши екипа од Полициска станица Делчево.
10.05.2020 - 10:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа