Во Скопје викендов ќе се прска против комарци

Град Скопје ги известува граѓаните дека првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира на 09.05.2020 година (сабота) и на 10.05.2020 година (недела), во раните утрински часови.

Од таму велат дека доколку временските услови не дозволуваат да се прска, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција. 

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

За потсетување, Град Скопје во текот на минатата недела  реализираше авионска дезинсекција против ларви од комарци. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2020 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега