Јуве потврди за двајца излечени, молчи за Дибала

Јувентус денес издаде долга изјава во која ги најави клупските мерки во однос на пандемијата од коронавирус.

Се споменува дека Даниеле Ругани и Блеиз Матуиди се излечени од инфекцијата, но ништо не се зборува за третиот пациент во тимот, Пауло Пауло Дибала.

Во последните неколку дена се појавија информации дека Аргентинецот дал негативен тест за присуство на КОВИД-19 во неговото тело, а се очекуваше и втора потврда.

– Ругани и Матуиди поминаа преку двоен дијагностички тест за коронавирус. Резултатите беа негативни. Затоа, играчите беа прогласени за озздравени на 15 април и веќе не се под самоизолација, се вели во извештајот.

Ова ќе им овозможи да продолжат со индивидуалните тренинзи во клупската база.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега