МВР: За 24 часа, 55 лица не ја почитувале забраната за движење

Во текот на изминатото деноноќие  според статистиката на МВР за периодот (03/04.05) по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата  држава  55  лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. 

Исто така според статистичките податоци  за изминатото деноноќие на  63 лица им се издадени решенија за изолација, а 11 лица потпишале изјави за самоизолација.

 

 Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека осум лица не ја почитувале мерката за изолација.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2020 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега