Состојбата на водоводомерите во Скопје ќе може да се пријавува електронски

 Жителите на Град Скопје, како и правните лица, од 10 до 16 во месецот ќе можат електронски да ја пријават состојбата на водомерот.

Оваа услуга на ЈП Водовод и канализација – Скопје е достапна на веб страната на претпријатието www.vodovod-skopje.com.mk, пристап до електронските сервиси преку e.vodovod-skopje.com.mk и од неодамна преку мобилната апликација веќе достапна за Android и IOS.

– На едноставен, лесен и безбеден начин, со следење на упатствата, приложени на e.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација, преку оваа опција достапна за физички и за правни лица, имате можност да ја пријавите состојбата на вашите водомери во период од 10-ти до 16-ти секој месец, информираат од ЈП  Водовод и канализација – Скопје,

Од Јавното претпријатие соопштија дека шалтерите за наплата во Дирекцијата работат секој работен ден од 7:30 до 17 часот и сабота од 8 до 13 часот и дека задолжително е носење маска и држење растојание. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.04.2020 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега