ЈП „Водовод и канализација” со ново работно време

ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, согласно новонастаната ситуација со коронавирусот во нашата земја, препораките и насоките на Владата и Министерството за здравство како и новите временски интервали за полициски час, кои се однесуваат на спречување на ширењето на коронавирусот, воведува измени во работното време.

Во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје од 27.04.2020 година, шалтерите за наплата на сметки ќе работат со ново работно време и тоа од понеделник до петок од 8 до 17 часот и сабота од 08 до 13 часот.

Теренските активности ќе се одвиваат само во случај на дефект или во специфични ситуации.

-Во овој момент, со цел почитување на препораките за спречување на ширењето на КОВИД -19, ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас. – Посетете ја нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието. Електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје за физички, а отсега и за правни лица се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk. За полесен и побрз пристап до услугите на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје на располагање на граѓаните е и мобилната апликација на претпријатието, веќе достапна за Android и IOS. – Искористете го вашето време разумно и скенирајте ги QR кодовите достапни на флаерот доставен со сметките за месец март, 2020 година, кои директно ве водат до мобилната апликација на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје и до електронските сервиси на e.vodovod-skopje.com.mk. Бидете во чекор со времето, пополнете го формуларот достапен на флаерот за електронска достава на вашата фактура, велат од Водовод.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2020 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа